ловоров лист за акни мозолчиња

Лековити лосиони од ловоров лист, против акни и мозолчиња

За лековитите својства на ловоровиот лист знаеле и нашите предци кои го користеле за лечење на повеќе кожни болести. Ловоровиот лист го подобрува тенот на кожата и има ефект на хидратација. Ги лечи раните на кожата и поседува имуностимулационо дејство, што помага за нормализирање на работата на сите органи. Го подобрува варењето на храната, го смирува нервниот системи помага при заболувања на зглобовите.

Кога сме кај користа од ловоровиот лист против акни и мозолчиња, треба да знаете дека е природен антисептик, кој и овозможува на кожата чистење и дезинфекција. Во својот состав располага со етерични масла, минерали и органски киселини, кои позитивно влијаат врз мозолчињата и организмот како целина, а исто така помага во отстранување на бактериите и намалување на воспалението предизвикано од појавата на акни и мозолчиња.

Во домашни услови од ловоров лист може да наравите 2 лосиони кои помагаат против проблематична кожа на лицето. Тие се многу ефикасни во борбата со акните и мозолчињата.

ловоров лист за акни мозолчиња

Лосион со ловоров лист и вода

Состојки:

  • 3-4 суви ловорови листа
  • 200 мл вода.

Подготовка:

  1. Во сад на оган ставете ги водата и листовите, па оставете да зовријат.
  2. Откако водата ќе зоврие тргнете го садот настрана и оставете да врие уште 5-7 минути.
  3. Така добиениот лосион оставете го да се излади, а потоа ставете го во шишенце.

Овај лосион може да се користи за чистење на лицето наутро и навечер. Се препорачува кај луѓе со проблематична и мрсна кожа на лицето.

Лосион со ловоров лист и ракија

Состојки:

  • ловоров лист
  • ракија или алкохол (52%)

Подготовка:

  1. Издробете го ловоровиот лист и посипете го со ракиjа или алкохол во однос 1:1.
  2. Така добиениот лосион оставете го да отстои 5 до 6 дена на собна температура.

Овај лосион се користи за чистење на лицето секој ден наутро и навечер. Помага и при отстранување на мозолчињата и воспалението на лицето, а исто така ја измазнува кожата и е ефикасен при пигментирани дамки.

Користење на лосионот заедно со сапун со активен јаглен дава одлични резултати.

Сподели: