Лековит напиток за здраво срце стар 800 години 1

Лековит напиток за здраво срце стар 800 години

Направете природен и лековит напиток за здраво срце на едноставен, брз и евтин начин. Творец на овој рецепт е калуѓерката Хилдегард фон Бинген, која живеела пред 800 години. Подоцна нејзиниот рецепт кој бил решение за срцеви проблеми го презеле познати доктори кои објавиле пишани записи за неговото дејство.

Калуѓерката советувала дека секое домаќинство треба да го има овој лековит напиток за здраво срце со кој луѓето постигнувале необични успеси. Во поново време, стои дека рецептот го пренела на поновите генерации познатата треварка Марија Требем, која е автор на книгата „Здравје од божјата аптека“.

Лековит напиток за здраво срце стар 800 години 2

Се смета дека овој природен лек за срце успешно помага при срцева слабост и акутни срцеви заболувања. Се користи кога има чувство на срцеви тегоби како прободување, треперење, прескокнување или после стрес. Исто така, било забележано дека позитивно влијае и при ангина пекторис.

Состојки:

  • 10 киски гранчиња магдонос со ливчиња
  • 1 литар домашно црвено вино
  • 2 лажици винска киселина
  • 300 гр природен мед.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Свежиот магдонос заедно со листовите ставете го во литар чисто природно вино и додајте ги двете лажици винска киселина.
  2. Состојките ставете ги во тенџере на тивок оган и да оставете ги да се варат околу 10 минути. Во овој чекор треба да водите грижа за да не се појавува пена која ќе префрла, бидејќи тоа е можно.
  3. Додајте го медот и оставете да вари уште 4 минути.
  4. Врелото вино процедете го и додека е топло складирајте го во шише кое претходно сте го измиле со јак алкохол. Добро затворете. Талогот кој се создава не е штетен и слободно може да се пие.
  5. Напитокот се користи секојдневно, по 1 супела лажица се до престанокот на тегобите. За потешки состојби потребно е да се користи во подолг временски период.

Се надеваме дека со овој природен лек ќе успееме да го подобриме вашиот живот. Во секој случај, кога станува збор за вакви болести, наша должност е да ви препорачаме да се консултирате со вашиот лекар.

Ви препорачуваме да прочитате: 6 намирници за здраво срце и крвни садови.

Сподели: