Лековит сируп од банани кој лечи кашлица

Едноставните и природни лекови често пати имаат подобро дејство во споредба со купечките лекови. Моќта на природата е голема, па вреди да се искористат придобивките кои ни ги нуди. Овој пат, со големо задоволство го споделуваме лековитиот сируп од банани кој лечи кашлица.

Нашите читатели кои го пробаа овој сируп од банани ни пишаа дека се многу задоволни, а кашлицата престанала само по 3 консумирања. Многу се радуваме на ваквите сведоштва за неговата ефикасност, и се надеваме дека може да ви помогне и вам. Се препорачува против честа кашлица, а луѓето кои го пробале потврдуваат дека има позитивен ефект против упорна кашлица и бронхитис. Овој сируп е особено ефективен кај децата, но и кај возрасните. Вкусен е, здрав и многу благотворно делува на желудникот, а подготовката е многу едноставна.

сируп од банани кој лечи кашлица

Состојки:

  • 2 зрели банани
  • 2 лажици шеќер
  • 400 милилитри врела вода.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Најпрво излупете ги бананите, а потоа добро изгмечете ги со виљушка или лажица (најдобро е со дрвена или пластична).
  2. Во садот со бананите додајте го шеќерот и добро измешајте. Потоа додајте ја врелата вода, а садот покријте го и оставете го да стои така околу 30 минути.
  3. На крај, добиената смеса процедете ја со цедалка. Готовиот сируп од банани пијте го 3 до 4 пати на ден, по 50 до 100 мл.

Совет плус: Покрај сирупот од банани, земајте ја и препишаната терапија од вашиот лекар.

Ви предлагаме да прочитате: Чај од печен шеќер и млеко кој помага при кашлица.

Сподели: