Лек од мед за болно грло 1

Лек од мед за болно грло

Медот е природна и здрава намирница која одамна ги преминала основите намени – да биде сервиран во чај или пак намачкан на парче леб за појадок. Предностите на медот се големи, па многу лековити смеси кои може да ги подготвите дома содржат мед. Таков е и овој лек од мед за болно грло.

Овој природен лек од мед нема нус појави, а често може да е покорисен од многу комерцијални лекови. Во секој случај, пред да преземете чекор и да се лекувате на „своја рака“ обрнете внимание дали станува збор за некоја посериозна состојба која е различна од обична настинка, главоболка или грип. Консултација со лекар е секогаш добра опција.

Лек од мед за болно грло 2

Треба да напоменеме дека децата помали од 1 година не треба да консумираат мед, ниту производи кои содржат мед, па за нив овој домашен лек не се препорачува.

Ако имате помало воспаление на грлото или кашлате, пробајте да го направите овој ефикасен лек од мед за болно грло. Наместо да се упатувате во аптека, пробајте да направите нешто за себе на природен начин.

Потребно:

  • 1 лимон
  • 1 шолја мед.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Прво измијте го, а потоа сварете го лимонот. Треба да биде цел и ненасечен. Кога ќе се излади, сокот исцедете го во сад.
  2. Измешајте го сокот со мед и на секои 4 часа земајте по 2 лажици од мешавината. Грлото ќе ви биде обложено и помалку болно, а кашлицата ублажена.

Ви препорачуваме да прочитате: Совладајте ја настинката со златен мед.

Сподели: