Лесен рецепт за телешки гулаш 1

Лесен рецепт за телешки гулаш

Секој има некој свој рецепт за телешки гулаш, а ние ви претставуваме наш испробано вкусен. Обично разликата помеѓу рецептите е мала и се однесува на ситници. Препорачуваме да се одлучите да го пробате нашиов рецепт и да ни кажете како ќе ви се допадне!

Телешкото месо е многу хранливо и корисно за организмот, а посебно кога се јаде во умерени количини. Тоа е правилно кое важи за секоја храна, па и за него. Кога е комбинирано со останатите состојки има фантастичен вкус кој ќе ве мами да побарате уште! Одлично е јадењево, а еве како да го приготвите.

Лесен рецепт за телешки гулаш 2

Состојки:

  • 600-700 гр телешко месо
  • 4-5 главици кромид
  • 1/2 литар доматно пире
  • 2-3 чешниња лук
  • лажица црвена пипер
  • 5 – 2 литри вода
  • суви зачини по желба
  • сол по вкус
  • црн пипер по вкус
  • ловоров лист по вкус
  • магдонос по вкус.

Подготовка:

  1. Кромидот излупете го и ситно исечкајте го. Ставете го да се продинста со малку вода и зачини.
  2. Додајте го месото, па зачинете со иситнетиот лук, пиперта, солта, црниот пипер и налејте вода. Количината на вода прилагодете ја зависно од тоа колку густ сакате да биде гулашот. Обично е препорачливо водата да го покрива месото барем со висина од 2 см над неговата површина.
  3. Варете додека месото потполно омекне или тоа би било околу 1.5 час.
  4. Кога месото е меко, а водата скоро испарила, додајте го доматното пире, ловоровиот лист и магдоносот, па варете уште 15-тина минути.
  5. Кога сите состојки се меки и има густа конзистенција, вашиот телешки гулаш е готов. Препорачуваме да го послужите топол. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Телешки шницли во сос од печурки.

Сподели: