Лесно и брзо рижото со тиква 1

Лесно и брзо рижото со тиква

Некогаш е најтешко да се смислат едноставни и брзи рецепти, а јадењето да биде вкусно. Но, ако за сите нас тоа е енергија и време, за Невена е момент на креативност и уживање. Во есенско зимските денови имаме нов рецепт за брзо рижото со тиква!

Може да биде засебен оброк или пак да го планирате како вкусен прилог полн со бои и радости. Супер за целото семејство!

Лесно и брзо рижото со тиква 2

Состојки:

  • 250 гр ориз
  • 350 гр тиква
  • 1/4 главица кромид
  • 4 лажици масло
  • 1 лажица путер
  • 1 лажиче вегета
  • 1 литар вода.

Подготовка:

  1. Најпрво исечкајте ја тиквата на помали коцки и ставете ја во тава да се пропржи околу 5-6 минути.
  2. Во друга тава ставете ги маслото и путерот, па малку пропржете го ситно исечканиот кромид.
  3. Потоа додадете ја тиквата која претходно кратко сте ја пропржиле.
  4. Додајте го оризот и убаво измешајте ги сите состојки во тавата.
  5. Налејте ја водата, додадете ја вегетата и посолете по вкус.
  6. Оставете го да вари додека течноста испари. Готовото и брзо рижото со тиква послужете го топло. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: Најдобриот рецепт за рижото со зеленчук.

Сподели: