бешамел-сос-1

Лесно направете бел бешамел сос

Францускиот сос бешамел се користи во подготовката на многу вкусни јадења. Затоа, пред да почнете да приготвувате вистински специјалитети, потребно е да го владеете мајсторството на сосот бешамел.

Може да го сретнете под името бел сос, млечен сос, но како и да е има фантастичен вкус! За да направите идеален бешамел сос без гутчиња или со соодветна густина го пронајдовме следното видео на кое може да ја погледнете постапката и тајната за негова подготовка. По желба во сосот кон крајот може да додадете босилек, сирење или кари, со што ќе добиете сос со интересна арома и богат вкус.

Состојки:

  • 60 грама путер
  • 60 грама брашно
  • 600 мл млеко
  • сол и мелен црн пипер по вкус
  • 1 лаворов лист по желба.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган на средно ниска температура ставете го путерот да се растопи.
  2. Во растопениот путер ставете го брашното и мешајте. Постепено додавајте го млекото и мешајте континуирано додека добиете кремаст сос.
  3. Готовиот сос тргнете го од огнот, посолете го и зачинете го со мелен црн пипер. По желба додајте лаворов лист. Бешамел сосот послужете го со тестенини, пилешко месо или топено сирење во фурна.

Ви предлагаме да прочитате: Како да направите дома вкусен тартар сос?

Сподели: