Лимон за чисти садови без детергент 1

Лимон за чисти садови без детергент

Верувале или не, садовите може да заблескаат со употреба на оваа волшебната цитрусна овошка! Така, ако животот ви даде лимон…  Измијте ги садовите со него! Да, можно е, доволен е еден лимон за чисти садови без детергент.

Лимонот е моќен сојузник на домаќинството и корисен помагач на многу нешта во него. Одличен е за разни нешта, од отстранување на мрсни дамки па до освежување на микробрановата печка. А, сега, ви претставуваме нов едноставен и генијален трик со лимон.

Лимон за чисти садови без детергент 2

Како да го употребите лимонот за чистење на садовите?

Можете да примените лимон за триење на садовите при рачно миење, а посебно ќе ви користи за закоравени, мрсни дамки, запачена храна  и слично.

Но, одлично е што има решение и за машинското перење на садовите. Откако ќе ја наполните машината со садовите за миење, ставете 2-3 кришки лимон. Лимонот дури и не мора да биде свеж, а треба да биде поставен или прикачен на место каде што нема да се помрднува. Вклучете ја машината како и обично и кога миењето се завршило ќе погледнете дека садовите се измиле и се чисти како што е очекувано.

Дополнително од ефектот на чистење, лимонот ќе остави свеж и стимулирачки мирис кој ќе ве наполни со енергија и ќе го замириса домот со убава арома!

Ви препорачуваме да прочитате: Лимон за совршено бели алишта.

Сподели: