Лисната овошна пита со капинки и бело вино

Летен и лесен рецепт за овошна пита со капинки! Одвојте малку време и направете овошно засладување за целото семејство.

Овој интересен рецепт за лисната овошна пита ни доаѓа од кујната на Клара. Едноставно се прави, а нема потреба од матење со миксер. Фантастичната комбинација на лиснато тесто, капинки и вино, мора да се проба.

овошна пита со капини

Состојки:

  • 250 гр лиснато тесто
  • 250 гр овошје (овде се капини, а можи и со малини, јагоди или мешано)
  • 250 мл бело вино
  • 250 мл вода
  • 4-5 лажици шеќер
  • 3 лажици пченкарен скроб (нишесте)
  • 1 кесичка шлаг пена за украсување.

Подготовка:

  1. Овошјето, шеќерот, водата и виното се ставаат во тенџере на оган, на умерена температура. Филот се остава да се динста за време од околу 15 минути. Повремено се меша со лажица.
  2. Скробот се разматува со малку вода и на крај се додава во тенџерето. Се меша додека се добие овошен крем.
  3. Лиснатото тесто се развлекува врз набрашнета површина и се става врз подмачкан калап, така што ќе ги опфати и страничните делови. Потоа, лиснатото тесто задолжително покријте го со хартија за печење. Калапот ставете го да се пече во загреана рерна на 200 степени за време од 15 минути.
  4. Печеното тесто, извадете го од рерна и врз него нанесете го овошниот фил. Питата оставете ја да се излади за време од неколку часа, за да се стегне филот.
  5. Шлаг пената припремете ја според упатството. Изладената овошна пита исечете ја на парчиња. Послужете ја со шлаг пена и по некое зрно овошје. На здравје!

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Ви предлагаме да прочитате: Кремаста непечена торта со овошје.

Сподели: