Лосос во маринада 1

Лосос во маринада

Дозволете си го вкусниот луксуз со богат хранлив состав! Лососот изобилува со полновредни белковини, витамини од Б групата, фосфор и селен, како и омега 3 масни киселини кои повеќе кратно влијаат поволно на нашето здравје, а овој пат да го пробаме вкусот на лосос во маринада.

Лососот како и туната, сардината, скушата и харингата, содржи голема количина на омега 3 масни киселини кои се драгоцени за здравјето, заради што се препорачува честа застапеност во исхраната, а нутриционистичките препораки се најмалку 1 неделно да се јаде риба која е богата со омега 3 масни киселини.

Лосос во маринада 2

Состојки:

  • 1 кг лосос
  • 150 мл маслиново масло
  • 2 лимони
  • 4 лажици соја сос
  • 3 лажици рузмарин
  • 1/2 лажичка лук во прав
  • брашно и масло за пржење по потреба.

Подготовка:

  1. Лососот се реди во подлабок сад и се полева со маслиновото масло и соја сосот.
  2. Се додаваат рузмаринот и лукот.
  3. Лимонот се цеди и  смесата се меша. Рибата се остава да отстои околу 2 часа во маринадата.
  4. Откако лососот стоел во маринадата се валка во брашно и се пржи на помалку масло бидејќи лососот има помрсна структура.

Рецептот го испратил: Даниела Џогова.

Ви препорачуваме да прочитате и риба за долговечност и добро расположение.

Сподели: