природен лек против кандида

Лукот е најдобриот природен лек против кандида

Сигурно ви е познато дека лукот е вистински чудотворец кога се во прашање лековите од природата. А, дали знаете дека лукот се смета за најдобар природен лек против кандида и помага во лекување на габични инфекции?

Во продолжение на текстот дознајте зошто лукот е одличен за лекување на кандида.

Кандидата е габичка која живее во човековиот организам, а проблемот настанува кога ќе почне да се развива. Таа најчесто се развива на топли и влажни места, како што е устата, цревата, мочниот меур и вагиналниот отвор. На развојот на кандидата може да влијаат повеќе фактори, како дијабетес, користење на антибиотици, па и лошата исхрана.

природен лек против канида

Многу лекови кои се даваат за лекување на кандида имаат непосакувани ефекти, па затоа ви препорачуваме да ги искористите природните лекови, како што е  лукот. Додека на лековите кои ги препишуваат докторите им се потребни повеќе денови да делуваат, дејството на лукот е моментално.

Може да ве интересира: Одбранете се од кандида на природен начин.

Лукот има силни антигабични и антибактериски својства. Најдобро е да користите свеж лук, но ако не сте љубител на неговата арома, може да користите лук во капсули.

Лекување на габични вагинални инфекции со лук

Кога станува збор за лекување на габични вагинални инфекции со лук, најважно е да се запазат симптомите додека инфекцијата е во ран стадиум. Првиот симптом на вагинална инфекција е чешање, потоа следува пецкање, бел зрнест исцедок, а ако инфекцијата има земено замав, вагиналните усни се отечени, црвени и болни.

Штом ги забележите првите симптоми на кандида, започнете со лекување со помош на лук. Првично, можеби ќе имате одбивност кон третманот, но многу жени потврдиле дека е ефикасен. Покрај третманот со лук, можеби оваа купка со јаболковата киселина ќе ви помогне при лекување на кандида.

Земете едно чешне лук и исчистете го од лушпите. Со помош на игла, првнете конец низ чешнето. Конецот оставете го да види исто како и кај тампоните. Покрај тоа, чешнето може добро да го завиткате во стерилна газа, со која лесно ќе може да го отстраните. Штом тоа го направите, лукот ставете го во вагиналниот отвор (како вагиналета) пред да одите на спиење. Овој третман најдобро е да го направите навечер, затоа што вкусот на лукот може да се осети во здивот. Ако сте ги забележале симптомите на време, доволен ќе ви биде само еден третман за да може потполно да ја излечите кандидата.

Совет плус: Секогаш консултирајте се со вашиот лекар и применете ги неговите совети. За споменатиот третман со лук не постојат научни докази дека е ефикасен, туку станува збор за пренесување на искуство од неколку наши читателки.

Ви предлагаме да прочитате: Природни лекови кои помагаат при кандида на јазикот.

Сподели: