магнезиум семиња

Магнезиум – за силни коски и здрави мускули

Дали постојано се чувствувате иритабилно, слабо и исцрпено? Доколку ги осеќате овие симптоми може да имате недостаток на магнезиум.

За правилно функционирање на организмот, неопходни се магнезиумот, калиумот, калциумот и натриумот. Магнезиумот е значаен за голем број на метаболитички функции. Тој учествува во производството и транспортот на енергијата, важен е за контракција и релаксација на мускулите, а е вклучен и во синтеза на протеини. Телото не произведува магнезиум, па затоа потребно е секојдневно да се консумира храна која е богата со овој важен минерал.

Експертите препорачуваат да се консумира храна која е богата со магнезиум, затоа што магнезиумот:

  • влијае релаксативно врз нервите и мускулите
  • ги гради и зајакнува коските
  • одржува правилна циркулација на крвта.
магнезиум

Симптоми при недостиг на магнезиум

Магнезиумот има поголем број на улоги во организмот. Околу 60% од магнезиумот во телото се наоѓа во коските, 35% во скелетните мускули и срцевиот мускул, а мал дел во мозокот, бубрезите и црниот дроб. Како резултат на тоа, симптомите при недостиг на магнезиум во телото се различни:

  • слабост и грчеви во мускулите
  • меки и кршливи коски
  • главоболка
  • небалансирано ниво на шеќер во крвта
  • покачен крвен притисок
  • покачување на телесната тежина
  • депресија
  • недостаток на апетит.

Извори на храна која содржи висока количина на магнезиум

Зелениот лиснат зеленчук и јаткастите плодови се добри извори на магнезиум. Консумирањето на банани, грав, интегрален леб, леќа, интегрален ориз, овесна каша, спанаќ, какао, сончоглед, ореви, семки од тиква, морска риба и чоколадо го покачува нивото на магнезиум во организмот.

Денешниот начин на живот е поврзан со зголемен стрес, затоа за подобро расположение и поздрав живот не прескокнувајте ја храната богата со овој значен минерал.

Сподели: