Мазник од готови кори со фил од модар патлиџан 1

Мазник од готови кори со фил од модар патлиџан

Ако досега не сте правеле мазник од готови кори со фил од модар патлиџан, искрено ви препорачуваме да го испробате рецептот. Лесно е и брзо, а сигурно ќе ви се допадне!

Изгледа многу примамливо, а тоа можеме да го видиме и од фотографиите на нашата пријателка Лана, која своите рецепти ги објавува на блогот Kuhinjica mignone.

Мазник од готови кори со фил од модар патлиџан 2

Состојки:

  • 250 гр тенки кори
  • 100 масло
  • 100 мл минерална вода
  • 2 модри патлиџани со средна големина
  • 1 главица кромид
  • сол, црн пипер и магдонос по вкус
  • 1 јајце за премачкување
  • сусам по потреба.

Подготовка:

  1. Модрите патлиџани испечете ги во рерна за да омекнат, а потоа излупете ги и ситно исечкајте ги (тоа можете да го направите и со машина за мелење месо).
  2. Во малку масло пропржете го ситно сечканиот кромид и додајте го исечканиот модар патлиџан. Кратко пропржете заедно, а потоа додајте зачини по желба (сол, црн пипер и магдонос по вкус). По желба можете да додадете и лажица ајвар по желба.
  3. Корите исечете ги на половина, така да се добијат помали правоаголници. Секоја кора попрскајте ја со малку масло и минерална вода.
  4. На едниот крај ставете лажица фил, па завиткајте ги краевите кон внатре. Замотајте ги како ролни и наредете ги во плех обложен со хартија за печење.
  5. Готовите парчиња мазник премачкајте ги со малку масло и вода и печете ги на 200 степени околу 30 минути. Послужете ги топли, а може да ги сервирате со шолја јогурт или кисело млеко. На здравје!

Предлог: Доколку ви останат кори за кои немате фил, за фил ставете малку сирење.

Ви препорачуваме да прочитате: Мазник со готови кори – лесен рецепт.

Сподели: