мазник со готови кори - лесен рецепт.

Мазник со готови кори – лесен рецепт

Ако обожавате да јадете мазник, а не сакате да тегнете или сукате тесто, ви предлагаме најлесен начин да стигнете до целта, направете мазник со готови кори. Многу е вкусен и супер лесен и за нови и за искусни домаќинки кои штедат време.

Скоро и да не постои човек кој обожава да јаде мазник, а како и не би сакале кога е толку вкусен и нуди многу разни можности за избор на фил внатре. Но, исто така, ретко која домаќинка обожава со часови да тегне или сука тесто и покрај фантастичниот вкус и задоволните лица на дегустаторите. Затоа, како поддржувачи на брзи и лесни рецепти, погодни за млади и искусни домаќинки и љубители на готвењето, ви предлагаме супер лесен рецепт за подготовка на готов мазник со кори. Од фотофрафијата може да видите како изгледаше нашиот мазник со готови кори. Препорачуваме да го пробате и вие!

мазник со готови кори - лесен рецепт

Состојки:

  • 1 паковање готови кори
  • 1 коцка квасец
  • сирење/изварка по потреба
  • 200 мл млеко
  • 70 мл масло
  • малку сол (количина еднаква на рамно мало лажиче)
  • малку шеќер (количина еднаква на рамно мало лажиче).

Подготовка:

  1. Најпрво се припрема филот, односно во посебен сад се става квасецот со млекото, малку сол и малку шеќер да нарасне, а потоа се додава маслото.
  2. Се припрема плехот или тавата во која ќе ги печете, така што се намрсува.
  3. Врз платнен чаршаф, на страна се припремаат корите.
  4. Прво се земаат 2 кори и се рашируваат една врз друга над чаршафот, а потоа се со помош на лажица се разнесува фил низ целата кора.
  5. Откако е нанесен филот, се наросува од иситнетнетото сирење/изварка во количина по желба.
  6. На крај се витка ролна која се става во тавата/плехот за печење.
  7. Постапката се повторува со сите кори.
  8. Кога тавата/плехот е полн, готовите кори се попрскуваат со масло и се наросуваат со сусам по желба.
  9. Се печи додека не добие убава црвенкаста боја.

Мазникот е готов. На здравје!

Сподели: