Мазник - традиционална тегната пита

Мазник – традиционална тегната пита

Во разни краеви е познат различно, а најчесто го слушаме како мазник, вртена пита, во тетовскиот крај го нарекуваат колпите. Превкусен е, посебно со чаша јогурт, со домашна домата, може и во комбинација со кисело млеко, а најомилен во Јануари кога се прави специјален Василичарски мазник со скриена паричка во корите. 

Оваа превкусна традиционална тегната пита од тесто, понекогаш некои домаќинки ја прават и со сукање. Секој кој прави мазник, внимава корите да се убави и тенки како лист, за да биде што повкусени што посимпатичен, ете затоа секој го одбира својот најлесен начин за подготовка на мазник, зависно од својата умешност и вештина.

Мазник - традиционална тегната пита

Состојки:

  • 1 кг брашно
  • 1 лажица сол
  • 5 лажици масло
  • 400-500 мл млака вода
  • фил по желба (сирење, праз, месо, јаболка, тиква).

Подготовка:

  1. Брашното најпрво се сее со сито.
  2. Во сад за месење се става брашното, се додава солта, маслото и млаката вода. Тестото се меси подолго време, затоа што тоа е основа за да се добијат убаво истегнати тенки кори.
  3. Тестото се остава околу 30 минути во садот за месење, а треба да биде прекриено со кујнска крпа или фолија.
  4. Во меѓувреме може да го подготвите филот.
  5. Тестото се дели на 5 парчиња од кои се формираат топки, а потоа од истите се сукаат кори.
  6. Суканите кори се ставаат врз покривка (на пример чист стар чаршав) и се премачкуваат со масло. Се оставаат 10 минути, а за тоа време се подготвуваат тавите за печење кои се премачкуваат со масло.
  7. На масата со чаршафот се зема една од корите и потоа внимателно прво се растегнува на раце, а потоа се става над покривката. Со раце под кората внимателно се растегнува прво средината, а потоа се влече од краевите.
  8. Откако кората ќе се истегне се попрскува со масло, се поросува со фил и заедно со покривката се формира кора од двете страни на масата и се рола во круг.
  9. Исто се постапува и со другите кори. Мазникот се попрскува со масло и се пече на температура од 250 степени, додека не добие убава румена боја.
  10. Откако ќе се испече се вади од рерна и се попрскува со ладна вода, се покрива со кујнска крпа и се остава 10 минути да се излади, а потоа се служи.

Ви предлагаме да прочитате: Рецепт за домашен мазник со сирење.

Сподели: