макарони со шунка во сос од сирење 1

Макарони во сос од топено сирење

Тестенините се омилено јадење на многумина, а ако имаат дополнителен сос тогаш се полн погодок за ручек или вечера. А што би рекле за макарони во сос од топено сирење?

Нашата пријателка Лана на блогот Kuhinjica Mignone ни претстави вкусен рецепт за макарони со шунка и грашок во сос од топено сирење. Комбинацијата на овие состојки звучи привлечно и вреди да се проба. А штом ги направите не заборавајте да ни пишете во коментар како ви се допадна вам и на целото семејство.

макарони во сос од сирење

Состојки:

  • 400 грама тестенини по избор
  • 200 грама шунка
  • 200 грама грашок
  • 1 главица лук
  • 60 грама путер

За сос:

  • 250 мл млеко
  • 125 грама топено сирење
  • црн пипер.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган, на средно висока температура ставете вода да се загрее. Во зовриената вода додајте ги тестенините и варете ги за време од 7 до 10 минути, во зависност од упатството. Начинот за најдобро варење на тестенини, прочитајте го тука.
  2. Шунката и кромидот исечкајте ги на мали коцки.
  3. Грашокот ставете го во тенџере со вода да се вари. Варениот грашок добро исцедете го од водата.
  4. Во тава на оган, ставете малку масло и путерот за да се растопи. Во растопениот путер додајте го ситно исечканиот кромид и пропржете го додека омекне и добие златеста боја. Потоа, во тавата додајте ја сечканата шунка и кратко пропржете, додека шунката порумени.
  5. Во тавата со кромид и шунка додајте го варениот грашок и кратко динстајте. Зачинете со црн пипер по вкус.
  6. Во друго тенџере ставете го млекото и коцките топено сирење. Тенџерето ставете го на оган на тивка температура и мешајте го постојано за да се растопи сирењето. По желба, во сосот додајте мелен црн пипер или мускатно оревче.
  7. Варените макарони измешајте ги со шунката и грашокот, а потоа прелијте ги со сосот од топено сирење. Внимателно измешајте ги и посолете по вкус. Приготвените макарони со сос од топено сирење послужете ги додека се топли. На здравје!

Сподели: