Макарони во сос со печурки и чадено месо

Еве еден лесен рецепт за макарони во сос со печурки и чадено месо, кој може секој да го направи. Овој специјалитет ни доаѓа од кујната на Катерина, која несебично го сподели со сите нас.

Тестенините се една од омилените храни на многумина, а се приготвуваат на различни начини и со различни сосови. Овој пат, ви претставуваме макарони во сос од крем павлака со печурки и чадено месо. Комбинацијата е топ!

тестенини со печурки и чадено месо

Состојки: 

  • 300 гр макарони (фузили)
  • 200 гр чадено свинско месо
  • 250 гр свежи шампињони
  • 2 чешниња лук
  • околу 100 мл крем павлака за готвење
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • по потреба сол, црн пипер и маслиново масло.

Подготовка:

  1. Во поголема количина солена зовриена вода ставете ги макароните да се варат. Варете ги според упатството наведено на пакувањето.
  2. Лукот ситно исечкајте го.
  3. Чаденото свинско месо исечете го на коцки. Шампињоните исечете ги на тенки листови.
  4. Во тава на оган ставете малку маслиново масло да се загрее. Во загреаното масло додајте ги ситно сечканиот лук и чаденото месо.
  5. Откако месото ќе се запржи додајте ги шампињоните.
  6. Продолжете да пржите додека испари водата што ја пуштат печурките.
  7. Варените макарони исцедете ги.
  8. Потоа, макароните додајте ги во тавата со печурките и месото.
  9. Додајте ја и крем павлаката за готвење и магдоносот.
  10. Наросете со мелен црн пипер, посолете по вкус и измешајте. По 2 до 3 минути, тавата тргнете ја од огнот. Готовите макарони во сос со печурки и чадено месо послужете ги додека се топли. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви предлагаме да прочитате: Потпечени макарони со свежи шампињони и кашкавал.

Сподели: