Малиџано салата

Малиџано салата

Сезоната на модриот патлиџан ни овозможува да уживаме во навистина вкусната малиџано салата. Рецептот за нeјзина подготовка е лесен, а на блогот Кuhinjica Мignone препорачуваат дека посебно ќе им се допадне на љубителите на грчката кујна. Интересно е што, вака приготвената малиџано салата може да се послужи како намаз со тост, лепче, а исто така многу убаво одговара како прилог со месо подготвено на скара.

Малиџано салата

 

Состојки:

  • 2-3 модри патлиџани
  • 300 гр полномасно свежо сирење
  • 2 чешниња лук
  • малку масло (маслиново или сончогледово)
  • сол, црн пипер.

Подготовка:

  1. Модрите патлиџани најпрво измијте ги и без да ги лупите печете ги во рерна на 200 степени, за време околу 45-60 минути. Кога ќе се изладат отстранете ја кората и ситно исечкајте ги или измелете ги.
  2. Додајте неколку лажици масло, посолете и додајте црн пипер.
  3. Сирењето прво иситнете го, а потоа зачинете го со ситно сечканиот лук. Количината на сирењето е по желба, така може да додадете помалку или повеќе од предвиденото.

Летната малиџано салата може да ја послужите како предјадење, мезе или намаз со парче леб. На здравје!

Забелешка: Доколку печите поголема количина на модри патлиџани, можете да ги спакувате во ќесичка и да ги замрзните. При тоа, треба да ги пакувате иситнети и незачинети, а потоа откако ќе се одмрзнат може да ги додадете сирењето  и другите зачини.

Сподели: