Маринада за пилешко месо на Азиски начин 1

Маринада за пилешко месо на Азиски начин

Наместо нетрпеливо да чекате да отидете во ресторан за да вкусите нешто уникатно, сега можете да пробате сами дома да бидете супер готвач. Не е тешко, напротив, баш е интересно. Препорачуваме да ја пробате нашата маринада за пилешко месо на Азиски начин!

Оваа прекрасна маринада која ни доаѓа од Азискиот континент, освен што се практикува за маринирање на цело пиле, фантастична е и за пилешки гради, филети и парчиња пилешко месо. Кога готвите пилешко со оваа маринада се создава магија од вкусови! Соја сосот и ѓумбирот, кои се користат за нејзина подготовка и даваат карактеристична арома, а се образува и златна глазура, а пилето станува крцкаво и сочно.

Може да ве интересира: Едноставна маринада за пилешко месо – домашна и вкусна!

Маринада за пилешко месо на Азиски начин 2

Состојки:

  • 3/4 чаша нерафинирано масло од кикиритки (ако не може да се најдете нерафинирано масло од кикиритки, можете да направите домашно со пржење на сурови кикирики).
  • 1/4 чаша соја сос
  • 2 страка сечкан млад кромид
  • 3 супени лажици мед
  • 2 супени лажици бело вино или јаболков оцет
  • 2 лажици лук во прав
  • 2 лажици ѓумбир
  • 1 лажичка црн пипер .

Подготовка и начин на чување:

  1. Во поголем сад измешајте ги сите состојки.
  2. Откако добро се соединиле, во садот додадете го и пилешкото месо. Внимателно измешајте го со маринадата, односно потрудете се сите парчиња да бидат подеднакво извалкани во неа.
  3. Вака припременото месо ставете ге во фрижидер  за време од 4 часа или оставете го преку ноќ. Садот треба да биде покриен, а пожелно е малку да се промешува на неколку часа.

Ви препорачуваме да прочитате: Италијанска маринада со лук за сочно пилешко месо.

Сподели: