маринара сос

Маринара сос од домати во тегли

Маринара сос е популарен италијански сос кој се прави од домати, кромид и зачини. Понекогаш во сосот може да се додадат чили пиперки, босилек и оригано. Овој сос е познат по тоа што е лесен за припрема, а е одлична основа за многу јадења. Може да се употребува како сос за крекери или сирења, за тестенини, пици, но исто така и за печено месо.

Она што е добро е дека овој сос можете да го припремите во тегли и да го употребите во текот на целата година. Погледнете го видеото и следете ги следните инструкции.

Состојки:

  • 25 домати со средна големина
  • 1 лажица сушено оригано
  • 3 лаворови листови
  • 2 лажици мед
  • 1 лажица сол
  • 2 лажички црн пипер
  • 1/2 чаша маслиново масло
  • 450 грама ситно сечкан кромид
  • 1 мала лажичка сол по тегла = (околу 10 лажички)
  • свеж сок од лимон.

Подготовка:

  1. Доматите пресечете ги на половина и излупете ги. Ставете ги во сад и прелијте ги со вода. Во садот додајте ги ориганото, лаворовите листови, медот, солта и црниот пипер. Покријте го садот со капак и ставете го да врие на оган на средна температура.
  2. Промешајте повремено (на секои 20 минути) или намалете ја температурата, ако е потребно. Додека доматите се варат, издинстајте го исечканиот кромид во маслиново масло за време од 10 минути, додека да омекни, а по желба може да додадете 2 чешлиња лук, ситно сечкани.
  3. Варените доматите оставете ги кратко да се изладат, а потоа ставете ги во блендер и измиксирајте ги. Блендираните домати вратете ги во садот на оган, а во нив додадете го динстаниот кромид. Варете на средна топлина околу 1 до 2 часа, додека сосот се згусне и течноста се намали речиси за половина.
  4. Стерилизирајте ги теглите и капаците. Во секоја тегла ставете по една лажичка сол, 3 лажици свеж сок од лимон. Топлиот маринара сос ставете го во теглите и добро затворете ги. Теглите ставете ги во шерпа со топла вода и оставете ги да варат околу 45 минути.
  5. Потоа, извадете ги теглите  и оставете ги да се изладат на собна температура. Изладените тегли со маринара сос чувајте ги на ладно и темно место максимум до една година.

Сподели: