Маска од домати против акни и митесери

Доматите се одлична храна која е значајна за убава кожа. Консумацијата на домати овозможува природана заштита од УВ зраците на сонцето и влијае за подмладување на кожата. Доматите се богати со ликопен, моќен антиоксиданс кој има голем број придобивки за кожата вкачувајќи:

  • заштита од УВ зраците
  • предвремено стареење
  • превенција од канцер на кожата.

Нанесувањето на домати врз кожата исто така е корисно. Тие имаат ефект на ладење и ги намалуваат болките од изгореници на кожата предизвикани сончање. Значајно е тоа што доматите имаат природни киселини кои помагаат за регулација на мрсната кожа. Тие ги чистат акните, длабински ги прочистуваат порите и ги елиминираат бактериите кои предизвикуваат акни и мозолчиња, и ја осветлуваат кожата.

Ако имате мрсна кожа на лицето, домашната маска од домати може да ви помогне да го решите тоа, а нејзината редовна употреба ќе ви помогне да ги елиминирате акните и митесерите. Масажата на лицето ја подобрува циркулацијата и помага маската да навлезе во подлабоките слоеви на кожата.

маска од домати

Состојки:

  • 1 помал домат
  • 2 лажици свеж цеден сок од лимон
  • 1 лажица пченкарен скроб.

Подготовка:

  1. Исечете го доматот на парчиња и измиксајте го во блендер.
  2. Во садот со измиксаниот домат додајте го сокот од лимон, а потоа додајте го и пченкарниот скроб и измешајте за да се добие хомогена смеса.
  3. Така добиената маска нанесете ја на чисто лице и оставете ја да делува околу 20 минути.
  4. Исплакнете прво со млака, па со ладна вода.
  5. Маската може да ја нанесувате секој трет ден, а резултатите треба да бидат видливи по неколку недели редовна употреба.

Сподели: