Маска од желатин за отстранување на црнките и прочистување на порите

Доколку сакате да ги отстраните црнките на лицето и длабински да ги исчистите порите, ви предлагаме да ја пробате оваа едноставна маска од желатин. А, најдобро е што резултатите се видливи веднаш!

Маската од желатин е најдоброто нешто што може да му го поклоните на вашето лице. Оние кои веќе ја пробаа оваа маска, потврдуваат дека е најефикасен начин за отстранување на митесерите и чистење на порите. Покрај тоа, маската од желатин ја подобрува циркулацијата и тенот на лицето, а кожата ја прави мазна, еластична и мека.

Пробајте и уверете се сами!

Пред да започнеме со рецептот, кратко ве предупредуваме дека оваа маска се загрева во микробранова печка, а потоа брзо се нанесува на лицето. Притоа треба да внимавате, маската да не биде многу жешка. За да проверите, нанесете мала количина на раката, а тоа ќе ви помогне да избегнете да не се изгорите. Поради силниот ефект на влечење, не ја нанесувајте маската во близина на веѓите, затоа со оваа маска се прави и депилација доколку е убаво исушена и правилно отстранета.

маска од желатин

Состојки:

  • 1 лажица желатин
  • 1 ½ до 2 лажици млеко.

Подготовка:

  1. Во сад за микробранова печка ставете го желатинот и додадете го млекото. Измешајте ја смесата.
  2. Садот ставете го во микробранова печка за време од 10 до 15 секунди. Треба да добиете маска со покремаста структура.
  3. Измешајте и веднаш нанесете ја маската тенок слој на чисто лице.
  4. Оставете ја целосно да се исуши за време од 30 минути.
  5. Потоа излупете ја маската. Додека ја лупите маската, чувството може да биде непријатно, но немојте да ја отстраните со вода. Целта на маската е да се отстранат сите нечистотии на лицето. Маската може да ја нанесувате два пати месечно.

Сподели: