маска од квасец

Маска од квасец за зајакнување и побрз раст на косата

Дали знаете дека домашната маска од квасец е прилично едноставна, но ефикасна и делува кај најоштетена коса? Маската од квасец одговара на сите типови коса, притоа го забрзува растот на косата, го обновува влакното, така што помага против губењето на косата и првутот.

За да ја направите оваа маска од квасец потребни ви се едноставни состојки кои ги имате во вашата кујна, а резултатот ќе биде одличен. Квасецот содржи висококвалитетни протеини и други хранливи состојки, чиј што недостаток води до опаѓање и кинење на косата. Медот е богат со голема количина на антиоксиданси и хранливи материи кои ги хранат фоликулите при што се поттикнува растот на здрава коса. А млекото и жолчката дополнително ја храната косата и ѝ даваат сјај.

маска од квасец

Состојки:

  • 1 лажица топло млеко
  • 1 лажица мед
  • 20 грама квасец
  • 1 жолчка.

Подготовка:

  1. Во мал сад измешајте ги топлото млеко, медот и квасецот. Садот ставете го на топло место и оставете го квасецот да нарасне за време од 15 до 20 минути.
  2. Потоа во садот со квасецот додајте ја жолчката и убаво измешајте ги состојките.
  3. Со помош на четка за фарбање нанесете ја маската на чиста и влажна коса, а врз неа ставете најлонска капа и крпа, и оставете да делува 50-60 минути. Потоа косата измијте ја со шампон и нанесете малку балсам на краевите.
  4. Домашната маската од квасец може да ја нанесувате на косата еднаш неделно во траење од 10-15 третмани. Доколку вашата коса е многу оштетена маската може да ја нанесете два пати неделно во траење од 6-8 недели. По потреба, третманот на косата со домашната маска од квасец повторете го по три месеци.

Сподели: