маска-мед

Маска против испукани врвови на косата

Бојадисувањето на косата, пеглањето, сушењето со фен и обликувањето се дел од причините кои допринесуваат за појава на испукани врвови. А доволно е само едно нешто од наведените причини да применувате постојано, па да не сте задоволни од изгледот на вашата коса и испуканите врвови.

Покрај тоа, употребата на различните шампиони, регенератори, ладното време, влијаат врвовите на косата постојано да се оштетуваат.

Домашните третмани содржат состојки кои се многу поделотворни од скапите козметички препрарти, може многу да ви помогнат при испукани врвови, а не чинат речиси ништо. Доколку имате проблем со испукани врвови ви предлагаме да ја пробате оваа маска за коса која ќе ви помогне да го надминете проблемот.

Маслиновото масло и жолчката од јајце ја хранат, обновуваат и ѝ дават сјај косата, а медот е богат со антиоксиданси и хранливи материи кои ги хранат фоликулите и поттикнуваат раст на здрава коса.

маска за коса испукани врвови

Состојки:

  • 1 жолчка од јајце
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 лажица мед.

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете ја жолчката од јајцето, маслиновото масло и медот. Добро измешајте ги со виљушка за да добиете хомогена смеса.
  2. Маската нанесете ја врз должината на косата и на краевите. Косата завиткајте ја со најлонска капа и оставете ја да делува за време од еден час. Потоа, косата измијте ја со шампон и регенератор.
  3. Маската може да ја нанесувате еднаш неделно.

Исто така ви предлагаме да ја пробате домашната маска со желатин која има ефект за ламинација на влакното, а доколку косата ви опаѓа направете маска од квасец која ќе ви помогне за зајакнување и забрзан раст.

Сподели: