мафини со јагоди.

Мафини со јагоди

Лидија и овој пат ни припреми вистинко уживање за очи и за вкус! Нејзиниот талент е одлично искористен, а сите ние може да погледнеме колку убави мафини со јагоди направиле нејзините вешти раце. Да ги пробаме деновиве!

мафини со јагоди

Состојки:

  • 50 гр путер
  • 150 гр брашно
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 1 дл вода
  • 140 гр шеќер
  • 2 лажички ванила шеќер
  • свежи јаготки
  • слатка павлака за декорација.

Подготовка:

  1. Најпрво се става путерот да се стопи, па се остава да излади.
  2. Во одделен сад се матат јајцата и шеќерот.
  3. Потоа се додава водата и се меша убаво.
  4. Се додаваат брашното, ванилиниот шеќер и печивото и внимателно се меша.
  5. Се редат корпиња во калап за мафини и се полнат 2/3 од висината на калапот.
  6. Во секој мафин се става половина свежа јаготка.
  7. Се печат во загреана рерна 225 степени, за време од 10 до 12 минути.
  8. Слатката павлака се мати, па со неа одозгора се декорираат мафините и се декорират со јаготки.

Прекрасните и декоративни мафини со јагоди се готови и спремни за потполно уживање. На здравје!

Сподели: