Мачмалоу штангли 1

Мачмалоу штангли

Колку се прекрасни и вкусни овие мачмалоу штангли, ќе знаете само ги ги пробате! Изгледот им е баш супер, па можете да ги правите по повод разни прилики, за детски родендени, забави, како визитарски колачи…

Мачмалоу вкусот е еден од најпосакуваните и потсетник на детството на многумина, па доколку сакате да си направите дома имаме и таков рецепт. Не е сложено, а постапката е детално објаснета тука на овој линк.

Мачмалоу штангли 2

Состојки:

  • 280 грама мачмалоу бомбони
  • 40 грама путер
  • 50 грама оризови снегулки
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 100 грама чоколадо за готвење.

Подготовка:

  1. Во сад на оган ставете ги бомбоните и путерот и мешајте додека се растопат.
  2. Потоа додајте ги оризовите снегулки и ванилиниот шеќер.
  3. Убаво измешајте.
  4. Смесата турете ја во мал плех обложен со хартија и оставете ја да стои на собна температура околу 2-3 часа за да се стегне.
  5. Чоколадото стопете го. Со растопеното чоколадо прелејтеја зацврстената смеса одозгора, па повторно оставете да пости додека се стегне чоколадото.
  6. На крај, исечете на штангли и послужете. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Рецепт за домашно мачмалоу.

Сподели: