медалјони со мелено месо

Медалјони од мелено месо

Пробајте го уникатниот специјалитет од мелено месо, кој нашата драга пријателка Невена го нарече медалјони од мелено месо. Многу се декоративни, а убавиот изглед мами да посакате да ги направите, да ги пробате и споделите со пријателите. Идеални за секакви прилики, свечености и фамилијарни поводи.

медалјони со мелено месо

Состојки:

  • 600 гр мелено месо
  • 70 гр леб
  • 1/2 главица ситно рендан кромид
  •  јајце
  • 1 лажиче буковска пипер
  • 2 лажици ситно сечкан магдонос
  • 60 гр кашкавал, исечкан на мали коцки
  • сол, бибер и мешан зачин по вкус
  • на врв од лажиче сода бикарбона
  • 8 ленти чадена сланина.

Подготовка:

  1. Лебот искинете го на мали парчиња, па натопете го со малку вода за да омекне.
  2. Во сад ставете ги месото, кромидот, јајцето, содата и зачините.
  3. Лебот истиснете го од водата и додајте го во месото.
  4. Убаво измесете за да се изедначи смесата, а потоа додајте го кашкавалот и повторно измесете ја.
  5. Покријте ја смесата и оставете ја во фрижидер најмалку 2 часа да се спојат вкусовите или ако може да ја направите пред една вечер.
  6. Смесата од месо поделете ја на 8 дела и од секој дел направете малку повисоки ќофтиња, од прилика околу 1,5 см.
  7. Околу нив ставете по една лента сланина како обрач.
  8. Наредете ги во плех со хартија за печење и одозгора попрскајте ги со малку масло.
  9. Печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 40-45 минути, за да добијат црвенкаста боја.

Медалјоните од мелено месо, послужете ги топли со прилог по желба и салата, а ние ви предлагаме да ги сервирате со печени компири со путер и рузмарин. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Сподели: