Медитеранска интегрална фокача со рузмарин

Италијанската кујна изобилува со специјалитети и многу вкусна храна. Едно од традиционалните и популарни печива е фокачата. Нашата пријателка Лана, ни припреми медитеранска интегрална фокача со рузмарин, крупна морска сол и маслиново масло.

Од наведената количина на состојките, ќе добите тесто за три фокачи. Доколку не сакате да направите толкава количина, може да ги намалите состојките. Исто така добро измесеното тесто може да го премачкате со масло, да го ставите во поголема најлонска ќеса и да го затворите. Тестото чувајте го во фрижидер и користете го во рок од 3 дена, а од него може да направите леб, кифли, лепињи, пици и други печива.

интегрална фокача

Состојки:

  • 700 грама меко брашно
  • 300 грама интегрално пченично брашно
  • 25 грама свеж квасец
  • 2 мали лажички сол
  • 1 мала лажичка шеќер
  • 300 мл млеко
  • 200 мл вода
  • 200 мл јогурт
  • 200 мл масло
  • маслиново масло за премачкување
  • крупна морска сол
  • мелен рузмарин.

Подготовка:

  1. Во шолја ставете ги квасецот, ½ чаша топло млеко, 1 лажичка шеќер и малку брашно. Убаво измешајте со лажица за да се добие хомогена смеса. Шолјата ставете ја на топло место додека квасецот нарасне до површината.
  2. Во длабок сад за месење измешајте ги двете брашна, додајте сол, нараснатиот квасец и сите останати состојки. Се добро измешајте и замесете тесто кое малку ќе се лепи на рацете. По потреба додајте уште брашно, но тестото треба да биде многу меко.
  3. Плехот за печење намрсете го.
  4. Од припременото тесто одвојте 1/3 (околу 300 грама) и со помош на рацете, распоредете го тестото низ целиот плех. Ако користите плех за печење на пица, нема потреба ни да го намрсите.
  5. Со помош на прстите направете мали отвори, за да добите изглед исто како на сликата. По желба, може да користите и чепкалка за заби. Тестото премачкајте го со маслиново масло.
  6. Врз фокачата распрскајте сол и рузмарин. Печете ја во загреана рерна на 200 степени за време од 30 минути, додека добите крцкава погача. Интегралната фокача послужете ја со намаз од зеленчук или свежи сечкани домати. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Посна фокача со фил од туна, кромид и домати.

Сподели: