Медитеранска салата со компири и домати

Медитеранска салата со компири и домати

Ги обожавате ли салатите со компири? Можеби најпозната ви е салатата со варени компири и кромид, но сега испробајте нешто ново. Станува збор за салата со компири и домати, приготвена со маслиново масло и оригано.

Совршен медитерански вкус за сечија трпеза. А штом ја пробате оваа салата, не заборавајте да ни пишете како ви се допаднала. Посна, без глутен и здрава!

салата со компири и домати

Состојки:

  • 800 грама компири
  • ¼ чаша маслиново масло
  • 1 чешне лук
  • 1 лажица ситно сечкан рузмарин
  • 1 лажичка оригано
  • 250 грама шери домати
  • сол
  • мелен црн пипер
  • свеж босилек за декорација.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган, на средно висока температура ставете вода да се вари. Додајте сол.
  2. Компирите измијте ги и исечете го на коцки.
  3. Штом водата зоврие, во тенџерето додајте ги коцките компири да се варат. Варете ги за време од 10 минути или повеќе, додека компирите омекнат. Времето на варење, зависи од големината на коцките компири.
  4. Варените компири исцедете ги.
  5. Чешнето лук ситно исечкајте го со помош на преса или нож.
  6. Доматите исечете ги на половина.
  7. Во поголема тава на оган, на умерена температура ставете го маслиновото масло да се загрее. Во заграното масло додајте го чешнето лук и рузмаринот. Доколку немате свеж рузмарин може да користите сушен или пак едноставно заменете го со оригано.
  8. Лукот и рузмаринот пропржете ги 30-тина секунди. Додајте ги компирите и пропржете ги кратко, а по желба може да ги пржите и 6 минути, додека добијат златеста боја.
  9. Компирите ставете ги во чинија за сервирање.
  10. Тавата ставете ја повторно на оган и зголемете ја температурата на високо. Пропржете ги доматите за време од 2 минути или додека се затоплат. Посолете ги и зачинете ги со мелен црн пипер. Потоа ставете ги во чинијата со компирите.
  11. Готовата салата посолете ја, наросете мелен црн пипер по желба и декорирајте со оригано и свеж босилек. Послужете ја веднаш. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Посна салата со компири и кромид. 

Сподели: