Мека штрудла со фил од мак или лешници 1

Мека штрудла со фил од мак или лешници

Тестото се обликува многу лесно, а може да го замесите од вечер и да го филовате и испечите наутро. Така ако немате време да правите се одеднаш, ова е супер можност, а вкусот на меката штрудла со фил ќе биде подеднакво добар!

Рецептот нуди многу можности, на пример, може да изберете да направите фил од мак или фил од јатки, како што се лешниците или оревите. Превкусна е секако, а ние како и секогаш срдечно се заблагодаруваме на нашата пријателка од блогот  Kuhinjica Mignone.

Мека штрудла со фил од мак или лешници 2

Состојки:

  • 600 гр брашно
  • 25 гр квасец
  • 100 гр шеќер
  • 100 гр путер
  • 300 мл млеко
  • 2 жолчки
  • прстофат сол
  • изрендана кора од лимон.

За премачкување:

  • 1 јајце.

За фил:

  • 300 гр мелен мак или лешници/ореви
  • околу 150 мл млеко
  • 150 гр шеќер
  • 2 белки
  • малку нарендана кора од лимон
  • 1 ќесичка ванилин шеќер.

Подготовка:

  1. Изматете го квасецот во половина шолја топло млеко со по една лажица шеќер и брашно.
  2. Оставете да стои на топло за да нарасне во шолјата.
  3. Во подлабок сад ставете го брашното, шеќерот и додајте го растопениот путер, жолчките, припремениот квасец и топлото млеко.
  4. Замесете средно меко тесто и поделете го на 4 топчиња и оставете ги малку да одморат.
  5. Секое од топчињата истенчете го во правоаголна кора и премачкајте го со припремениот фил. Мелениот мак или лешниците/оревите прелијте ги со врелото млеко, додајте го шеќерот, ванилиниот шеќер и малку изрендана кора од лимон. Кога малку ќе се излади, измешајте ја смесата со претходно изматениот густ снег од белките. Филот поделете го на 4 дела.
  6. Премачканите кори со фил завиткајте ги во ролат и притиснете ги добро на краевите за да не се одлепат.
  7. Наредете ги во плех и оставете да одмараат околу половина час, а може и преку ноќта, но не во фрижидер.
  8. Пред печење премачкајте ги штрудлите со изматено јајце и печете на 200 степени за време од околу 40 минути. Кога малку ќе се изладат исечете ги на парчиња и по желба посипете со шеќер во прав.

Ви препорачуваме да прочитате: Посна штрудла со јаболка и суво овошје.

Сподели: