tako cips 1

Мексикански тако чипс на домашен начин

За време на омилените филмови или ТВ серии, фудбалски или кошаркарски натпревари, често сакаме да грицкаме нешто. Сега можете слободно да ги повикате вашите пријатели и уживајте заедно во неодоливиот вкус на тако чипс.

Подготовката е едноставна, а притоа ќе направите грицки кои имаат малку масти и сол.Потребни ви се само неколку состојки, малку креативност и многу желба за уживање! На здравје пријатели!

Мексикански тако чипс на домашен начин 2

Состојки:

  • 8 тортиљи од пченично или пченкарно брашно
  • црвена пипер по потреба
  • црн пипер по потреба
  • чили по потреба
  • доколку сакате некој дополнителен зачин по ваша желба
  • малку маслиново масло.

Подготовка:

  1. Секоја тортиља намачкајте ја со малку масло и посипете ја со зачините.
  2. Зачинетите тортиљи исечете ги на триаголници со големина по желба.
  3. Спремните триаголници од тако чипс печете ги на температура од 180 степени.
  4. Ви предлагаме крцкавите тако чипс триаголници да ги послужите со чили сос, а можете да ги сервирате со павлака или друга храна за мезење.

Тако уживање е можно и дома, пробајте нема да се каете!

Ви предлагаме да прочитате и едноставен рецепт за похуван кашкавал.

Сподели: