милкшејк од јагоди

Милкшејк од јагоди

Во периодот кога јагодите ги имаме во изобилство нема потреба да купувате сокови. Направете освежителен милкшејк од јагоди, во кој сигурно ќе уживате и ќе се освежите во топлите денови кои претстојат. А комбинацијата од сладолед, млеко и јагоди сигурно ќе ви се допадне. 

Состојки:

Подготовка:

  1. Јагодите исечкајте ги.
  2. Во блендер ставете ги јагодите, млекото, сладоледот, шеќерот и екстрактот од ванила. Состојките миксирајте ги за време од 30 секунди, додека добиете хомогена смеса.
  3. Подготвениот милкшејк од јагоди, по желба може да го декорирате со шлаг пена и чоколадни трошки. Послужете веднаш. На здравје!

Исто така ви предлагаме чашата во која ќе го служите милкшејкот да ја ставите кратко време во замрзнувач, а за да може полесно да ги миксирате состојките, сладоледот оставете го на собна температура 5 до 10 минути.

Сподели: