здравје радово

Млекара Здравје Радово пријател на Македонскиот и Балкански пинг понг

Градот Штип, за прв пат во 40 години, ќе го собере балканскиот пинг понг крем и најдобрите велемајстори од овој спорт на престојното Балканско првенство.

Република Македонија од 21 до 25 октомври ќе биде домаќин на најдобрите селекции од Балканскиот полуостров и по 41 пат ќе биде горд организатор на овој престижен шампионат. Свеченото отворање на Балканското пинг понг првенство Македонија 2015 е закажано за 21 Октомври во спортската сала Јордан Мијалков во 17.00 часот, а составен дел од истиот шампионат ќе биде и Македонската пинг понг репрезентација.

Млекара Здравје Радово, во рамките на својата кампања Здравје во твои раце, продолжува да дава активна поддршка на спортскиот начин на живот и веќе подолго време е пријател на Македонската пинг понг асоцијација. По изведената активност во соработка со граѓанската асоцијација На Точак, каде на децата од семејства од ранлива категорија им беа доделени бесплатни велосипеди, Млекара Здравје Радово уште еднаш се јавува со сесрдна поддршка за спортот и здравиот начин на исхрана. Во меѓувреме остануваме и горди поддржувачи на машката и женска ракометна и фудбалска екипа на македонскиот бренд Вардар.

здравје радово

Сподели: