млеко 1

Млеко – корисно и потребно за целото семејство!

И покрај бројните дилеми поврзани со млекото во исхраната, сериозните истражувања укажуваат на неопходноста од негово консумирање. Млекото претставува потпора на целокупното здравје. Па, ајде да дознаеме кои се придобивките од консумацијата на млеко.

Во современото општество постојат бројни дилеми околу корисноста на млекото во секојдневната исхрана. Според бројните истражувања, млекото и млечните производи се од огромно значење на исхраната на човекот. Масните киселини, кои се главна компонента на липидите од млекото имаат позитивни ефекти на здравјето.

млеко 2

Хранливи вредности на млекото и млечните производи

Млекото е исклучително важна храна затоа што покрај останатото содржи и значителен извор на калциум и фосфор, кои се неопходни за изградба на коските. Недостатокот на калциум може да доведе до појава на остеопороза.

Покрај тоа, млекото е важно за одржување на нормалниот срцев ритам, за функционирање на мускулите и нервите, зачувување на интелектуалната способност и засирување на крвта.

Млекото и млечните производи се важен дел во синџирот на урамнотежена исхрана за сите возрасти на луѓето поради хранливите вредности и разновидноста во составот кој има многу добар ефект на здравјето.

Позитивните ефекти на млекото и млечните производи врз здравјето меѓу останатото се и следните:

  • Исхраната со млеко и млечни производи помага во изградбата и одржување на коскената маса во и на тој начин го намалува ризикот од појава на остеопороза.
  • Консумирање на млеко и млечни производи е важно особено важно за деца и млади.
  • Оброкот кој вклучува млеко и млечни производи вообичаено има поголеми хранливи вредности во однос на оној кој не содржи.

Ви предлагаме да прочитате: 11 корисни совети за чување на млеко.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: