Модри патлиџани на португалски начин

Модри патлиџани на португалски начин

Кој би рекол дека од толку едноставни состојки може да се креира нешто толку елегантно и вкусно, нели? На страницата на нашата пријателка trydiani го откривме прекрасниов рецепт за подготовка на модри патлиџани на португалски начин и знаејќи дека во нашите домови овој начин на подготовка не е толку познат, го споделуваме рецептот да биде достапен за сите нас.

Модри патлиџани на португалски начин

Состојки:

За 6 порции:

  • 3 средно големи модри патлиџани
  • 3 јајца
  • 2 лажици масло
  • 250 гр изронето сирење (козјо, кравјо или овчо, а може и микс)
  • магдонос
  • сол и црн пипер по вкус
  • 1 чешне лук
  • 1 лажица семки од тиква
  • 50 гр кашкавал за наросување одозгора.

Подготовка:

  1. Модрите патлиџани се мијат, се издлабуваат и внатрешноста се печи на умерена температура и се пасира во глатко пире.
  2. Белките со прстофат сол, се разбиваат во цврст снег.
  3. Пасираната внатрешност од модрите патлиџани се става во одделен сад и кон неа се додаваат маслото, изронетото сирење, иситнетото чешне лук и исечканиот магдонос. Смесата убаво се меша, а потоа се додаваат жочките, сол по вкус и црн пипер.
  4. На крај додајте ги претходно изматените белки, а одозгора наросете со рендан кашквал и семки од тиква.
  5. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени, за време од 20 минути.

Најдобро сервирајте додека е топло, а и ладните модри патлиџани подготвени на португалки начин имаат одличен вкус исто така. На здравје!

Сподели: