Морков салфетка за прибор 1

Морков салфетка за прибор

Сакате да одите на пикник и да имате супер скоцкан прибор? Или можеби да направите добра забава во дворот по повод вашиот роденден или на некој близок? Еве една супер добра и многу лесна идеја за „зачин“ на забавата. Погледнете како да направите морков салфетка за прибор која весело ќе ја декорира атмосферата.

Видео приказот е краток, јасен и лесен за разбирање. А, потребни ви се само салфетки во портокалева боја, пластичен прибор во зелена боја и декоративни ленти за врзување, исто така во зелена боја.

Често не се потребни многу пари за добри резултати, а нашиот предлог за морков салфетка за прибор е одличен пример за тоа. Опуштете се и додадете нешто свое да го надополните креативниот момент, сигурно ќе им се допадне на гостите!

Ви препорачуваме да прочитате: Лесна декорација на салфетка – Модерна ќеса.

Сподели: