Моќен природен лек против кандида, бактерии и мирис 1

Моќен природен лек против кандида, бактерии и мирис

Порано или подоцна, секоја жена ќе отиде на гинеколог со симптоми за кои и е неугодно да разговара. Станува збор за појави кои се појавуваат кај една третина од жените во репродуктивната доба и не е нешто што не може да се третира и дома. Ви предлагаме моќен природен лек против кандида, бактерии и непријатен мирис.

Црвенило, чешање во пределот на гениталиите, болка во стомакот, излачевини со непријатен мирис итн. Сите тие симптоми може да се појават како резултат на патолошки бактериии или габички, а тоа доведува до воспаление на слузницата на вагината и непријатност.

Моќен природен лек против кандида, бактерии и мирис 2

Кандидата е габичка која живее во човековиот организам, а проблемот настанува кога ќе почне да се развива. Таа најчесто се развива на топли и влажни места, како што е устата, цревата, мочниот меур и вагиналниот отвор. На развојот на кандидата може да влијаат повеќе фактори, како дијабетес, користење на антибиотици, па и лошата исхрана.

Може да ве интересира: Одбранете се од кандида на природен начин.

Што може да помогне? Како може да направите домашен третман?

Состојки:

  • 2 шолји суви цветови од камилица
  • 4 шолји вода.

Подготовка и начин на употреба:

Ставете ја водата да зоврие, а потоа во неа додајте ги световите камилица. Варете 10 минути, а потоа процедете ја течноста и измијте ги гениталиите со неа. Третманот повторувајте го додека микрофлората се нормализира.

Ви препорачуваме да прочитате: Купка со јаболковата киселина за лекување на кандида.

Сподели: