акаи бери 1

Моќните акаи бери се многу корисни за организмот

Овие темно виолетови бобинки растат во Амазонските прашуми и се основна храна на Амазонките. Им даваат издржливост во тек на целиот ден, поголема енергија, поубава, позатегната кожа и посјајна коса. Затоа, малку познатите акаи бери уште се наречени супер храна.

Богати се со витамини, минерали, аминокиселини, антиоксиданси и есенцијални масни киселини. Од витамините во поголема количина ги содржат Б1, Б2, витамин Ц и витамин Е. А од минералите најбогати се со калиум, калциум, железо, магнезиум и фосфор.

акаи бери 2

Изобилуваат со антиоксиданси

Акаи бери содржат 3,5 пати повеќе антоцијани (антиоксиданси), во споредба на црвеното вино. Антоцијаните го заштитуваат кардиоваскуларниот систем, крвните садови, ткивата, дигестивните органи, мозокот, имаат антиинфламаторен ефект и го успоруваат стареењето.

Овие моќни антиоксиданси заедно со растителните влакна кои ги содржат, овозможуваат прочистување на телото од штетните токсини. Затоа, со право може да се каже дека акаи бери се подарок од природата за нашето тело, мозокот и дух.

Делуваат како природен афродизијак

Последните медицински истражувања докажуваат дека акаи бери делуваат и како природен афродизијак. Уште се нарекуваат Амазонска Вијагра, бидејќи влијаат на производството на тестостерон и естроген.

Придобивки од консумирањето на акаи бери

Благодарение на својот нутритивен состав, акаи бери:

  • ја подобруваат кондицијата
  • ја зголемуваат енергијата
  • го намалуваат апетитот и желбата за храна
  • го забрзуваат метаболизмот
  • ја подобруваат работата на нервниот систем
  • влијаат позитивно на изгледот на кожата и косата
  • ја подобруваат функцијата на црниот дроб
  • помагаат за нормално производството на црвените крвни клетки – еритроцити
  • го забрзуваат излачувањето на токсините од телото.

Вкусот на овие мали бобинки потсетува на шумски плодови и чоколадо. Може да се најдат во големите супер маркети и продавниците за здрава храна ширум светот, најчесто во форма на сок и чај, а свежите бобинки се потешко достапни.

Се користат за добивање на природни прехранбени бои, во козметиката, во кремови против стареење, шампони и регенератори, но исто така може да се најдат и како додатоци во исхраната. Благодарение на тоа што го намалуваат апетитот и желбата за храна, а го забрзуваат метаболизмот, влегуваат во состав на исхраната.

Ви препорачуваме да прочитате: Комбинација од 2 производи со кои ќе се почувствувате посреќни, поубави, помлади и позадоволни.

Сподели: