мусака од пире 1

Мусака од пире

Пробајте го нашиот малку поинаков и несекојдневен рецепт за мусака од пире! Одлична е во вкусот, а не се подготвува тешко. Вака припремената мусака со пире може да ја послужите со мешана салата од зелка, рендан морков и цвекло, зачинети со маслиново масло и јаболкова киселина. Супер е за целото семејство!

мусака од пире 2

Состојки:

  • 1,5 кг компири
  • 250 гр мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици путер
  • млеко по потреба
  • магдонос
  • зачин, црн пипер, маслиново масло.

Подготовка:

  1. Компирите прво измијте ги и излупете ги, па исечете ги на помали коцки. Ставете ги во сад со вода да се варат.
  2. Кромидот и лукот ситно исечкајте ги.
  3. Во тава на оган, ставeте маслиново масло и оставете го да се загрее. Во тавата додадете ги и исечканиот кромид и лук да се запржат.
  4. Потоа додајте го меленото месо и промешајте. Кога месото ќе се запржи, се додаваат и зачините, се меша смесата и тавата се трга настрана од огнот.
  5. Варените компири процедете ги и испасирајте ги со алатка за пире.
  6. Додајте го путерот, млекото и зачин по вкус.
  7. Компирите кратко време ставете ги на оган, а притоа мешајте за да се добие хомогена смеса.
  8. Во намрсена тава за печење, се става прво половина од пирето, а врз него се додава филот од мелено месо.
  9. Се додава и останатата половина пире, се попрскуваме со малку масло.
  10. Така припремената мусака од пире се печи во загреана рерна на 200 степени за време од 25 минути, додека добие златна боја.

Мусаката се сервира додека е топла. На здравје!

Рецептот го испратил: Сузана Ѓорѓиевска

Сподели: