домашна паштета од маслинки - здрав намаз

Здрав намаз – домашна паштета од маслинки

Направете мала промена во утринското мени и внесете го одличниот вкус на фантастичната и здрава домашна паштета од маслинки. Деликатесен и здрав намаз совршен за сите генерации!

Ако сакате да се храните здраво и да ги искористите благодетите на природата, редовно консумирајте маслинки. Тие имаат многу придобивки и може значително да ви го подобрат здравјето. Во Библијата маслинките се споменуваат како симбол на мир, добронамерност, живот и надеж. Старите народи, маслинките ги сметале за симбол на мудроста. Првите маслинови дрва се засадени пред повеќе од 6000 години, и од тогаш се високо ценети во исхраната и медицината. Маслинките ги содржат витамините А, Е, К, тиамин, ниацин, витамин Б6 и фолна киселина. Тие се богати и со минералните состојки: магнезиум, калциум и калиум. Благодарение на нивниот состав, маслинките позитивно влијаат врз здравјето.

Знаејќи ја нивната вредност, со задоволство го споделуваме рецептов кој го подготви Душица Цветковиќ Јаќимовиќ, а со нас го сподели нашата пријателка Славица од Србија на нејзината страна Cacina kuhinja.

домашна паштета од маслинки - здрав намаз

Состојки:

  • 300 гр зелени маслинки
  • 2 варени компири
  • малку лук (по желба може, а и немора)
  • сол по вкус
  • црн пипер по вкус
  • 2 лажици оцет балсамико.

Подготовка:

  1. Доколку маслинките се со коски најпрво отстранете ги, а потоа исечкајте ги на парчиња.
  2. Варените и лупени компири, исто така исечкајте ги на поситни парчиња.
  3. Потоа додадете малку лук (по желба), сол и црн пипер по вкус, па на крајот додадете го оцетот балсамико.
  4. Така припремените состојки ставете ги во блендер за добро да се измешаат и соединат.

На овој начин можете брзо и лесно да подготвите здрав намаз за вас и своите најмили. Вкусот на оваа домашна паштета од маслинки е прекрасен и не треба да пропуштате прилика да го пробате. На здравје!

Сподели: