Направете домашен освежувач за WC школката 1

Направете домашен освежувач за WC школката

Купатилото е просторија во куќата кој подеднакво го користат сите во фамилијата, па затоа треба да посветите посебно внимание за неговата хигиена. Чистењето на купатилото ќе ви биде многу полесно, а миризбата многу попријатна ако си направите домашен освежувач за WC школката.

WC школката е прав мал „расадник“ на бактерии и нечистотии, а нејзиното чистење е работа на која никој не и се радува. Затоа ви претставуваме еден одличен рецепт за сапунче со кое WC школката ем ќе се чисти од бактерии, ем ќе има пријатен мирис.

Направете домашен освежувач за WC школката 2

Потребнo:

  • 1 и 1/3 чаша сода бикарбона
  • 1/2 чаша лимонска киселина
  • 30 капки етерично масло од лаванда (може да користите пеперминт или лимон по желба)
  • силиконски калапи за колачи.

Начин на подготовка:

  1. Во сад измешајте ги содата бикарбона, лимонската киселина и етеричното масло, па добро промешајте додека добиете хомогена смеса. Ако ви се чини дека смесата е премногу густа додајте малку вода, но во многу мала количина и полека измешајте.
  2. Добиената смеса турете ја во силиконските калапи за колачи, па оставете ги да се стегнат најмалку 6 часа.

Начин на чување и употреба:

  1. Откако добро ќе се стегнат, сапунчињата ставете ги во чиста тегла или во пластичен сад со капак.
  2. Освежувачките сапунчиња користете ги така што едноставно ќе ги ставите во WC школката кога и да мислите дека и е потребно освежување, а после тоа пуштете вода.

Ви препорачуваме да прочитате: Ефикасно средство за чистење на купатило.

Сподели: