печени кикирики 1

Направете домашни печени кикирики

Не можете да одолеете на мирисот на топли печени кикирики? Освен што се многу вкусни, кикиритките се и многу здрави.

Грицкањето кикирики или јадењето на домашен путер од кикирики најмалку пет пати неделно може да го преполови ризикот од срцев удар, па затоа стручњаците советуваат дека треба да се конусмираат во умерени количини.  Откриено е дека кикириките го намалуваат холестеролот, спречуваат воспаленија и ја подобруваат состојбата на крвните клетки околу срцето.

А сега може дома да си направите топли печени кикиритки и наместо чипс, да грицкате здрава храна. Домашните печени кикирики се многу вкусни, а куќата исполнета со прекрасен мирис. Рецептот за домашните печени кикиритки е многу пати е испробан во кујната на Даниела, а доколку ги направите, сигурно ќе ги препорачате на вашите пријатели.

печени кикирики

Состојки:

  • 100 мл вода
  • 2 лажици брашно
  • 4 лажици сол (по желба може и да ја намалите количината)
  • 1 кг непечени кикирики.

Подготовка:

  1. Кикириките ставете ги во постара тава.
  2. Во длабок сад убаво измешајте ги солта, брашното и водата. Потоа, смесата од сол и брашно убаво измешајте ја со кикиритките.
  3. Рерната загрејте ја на 150 степени. Во загреаната рерна ставете ја тавата со припремените кикиритки.
  4. Печете за време од 10 минути, а потоа извадете ја тавата од рерната и измешајте ги кикиритките. Тавата со кикиритки ставете ја во рерната. Истата постапка со мешање на кикиритките на секои 10 минути, повторете ја два до три пати.
  5. Штом кикириките се запечат, исклучете ја температурата и оставете ги кикиритките во топлата рерна за време од 30 до 40 минути. Топлите печени кикирики послужете ги веднаш. На здравје!

Рецептот го испратил: Даниела Џогова

Сподели: