Направете домашно масло од нане - лек за акни 1

Направете домашно масло од нане – лек за акни

Иако првата употреба на која ќе се сетите е во кулинарството, домашно припременото масло од нане е одлично за хидратација на кожата. Идеално за нега на здрава или чувствителна кожа која има акни. Смирува, хидрира и обновува.

Посебно е корисно за комбинирана и масна кожа, а претставува и одлична замена за бадемово масло. Не ви е потребно ништо специјално, само треба да сакате. Нежноста и убавината ви се на близок дофат и тоа бесплатно!

Направете домашно масло од нане - лек за акни 2

Потребно:

  • листови од нане, во количина за да се наполне тегличката
  • екстра девствено маслиново масло
  • помала стаклена тегла
  • цедилка со ситни отвори или газа
  • шишенце.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Листовите нане измијте ги малку избришете ги или оставете ги на памучна крпа да се исушат. Па, со помош на прстите малку изгмечете ги.
  2. Листовите ставете ги во помала тегла која ќе ја наполните до работ.
  3. Потоа, дополнете ја тегличката со екстра девственото маслиново масло и затворете со капак.
  4. Така припремената тегличка оставете ја на сонце неколку дена, а два пати на ден промешувајте ја содржината внатре. Ако времето е поладно и нема доволно сонце, оставете да стои 4-6 недели на собна температура, а при тоа исто така промешувајте 2 пати на ден.
  5. На крај, маслото процедте го низ цедалка или газа и складирајте го во шише. Рокот на траење му е 3-6 месеци, а можете секојдневно да го користите против акни и мозолчиња.

Ви препорачуваме да прочитате: Природен пилинг за усни од нане.

Сподели: