сончоглед

Направете домашно печен сончоглед

Сте пробале ли дома да направите печен сончоглед? Одличен е за грицкање, а освен тоа печениот сончоглед е многу здрав.

Сончогледот е извор на полинезаситени омега 6 масни киселини кои организмот не може да ги синтетизира, па мора да се внесуваат преку храната. Фитостеролите кои ги содржи сончогледовото семе помагаат за намалување на холестеролот во крвта, а тоа го прави исклучително здрава намирница. Покрај тоа, треба да се споменат растителните влакна и познатите антиоксиданси како витаминот Е и селенот, кои природно ги има во сончогледот.

А сега може дома да си направите топло печен сончоглед и наместо чипс, да грицкате здрава храна.

печен сончоглед

Состојки:

  • 100 мл вода
  • 2 лажици брашно
  • 4 лажици сол (по желба може и да ја намалите количината)
  • 1 кг непечени сончоглед во лушпа.

Подготовка:

  1. Сончогледот ставете го во постара тава.
  2. Во длабок сад убаво измешајте ги солта, брашното и водата. Потоа, смесата од сол и брашно убаво измешајте ја со сончогледот.
  3. Рерната загрејте ја на 150 степени. Во загреаната рерна ставете ја тавата со припремениот сончоглед.
  4. Печете за време од 10 минути, а потоа извадете ја тавата од рерната и измешајте го сончогледот. Тавата повторно ставете ја во рерната. Истата постапка со мешање на сончогледот, повторете ја два пати на секои 10 минути.
  5. Штом сончогледот се запечи, исклучете ја температурата и оставете ја тавата во топлата рерна за време од 10 до 20 минути. Печениот сончоглед послужете го изладен. Чувајте го стаклена тегла на темно место. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Сончогледот е супер храна за целото семејство.

Сподели: