Направете дома украсни миризливи свеќи на многу лесен начин.

Направете украсни миризливи свеќи со стапчиња цимет

Деновиве се совршени за вакви убави украси, а доколку ги купуваме од специјализираните продавници може да се каже дека чинат доста. Бидејќи се прекрасни, а нема да трошите многу пари, ви предлагаме да си ги направите дома украсните миризливи свеќи со стапчиња од цимет.

Совршено се вклопуваат во секој дом и стил на уредување, елегантни се и пријатни за употреба. На вака направените миризливи свеќи, стапчињата од цимет им овозможуваат уникатен изглед и миризлива арома која опушта. Ако сакате да ја изненадите саканата личност, да го збогатите домот за време на празниците и убавите моменти, направете си уникатни миризливи свеќи со стапчња од цимет.

Потребни материјали за украсни миризливи свеќи:

  • поголеми свеќи со мирис на ванила
  • стапчиња цимет
  • подебел конец
  • гумено ластиче.

Постапка:

  1. Најпрво измерете ја должината на стапчињата цимет спрема висината на свеќата, а потоа поставете ластиче околу свеќата.
  2. Наредете ги стапчињата цимет околу свеќата и малку подредете ги. Најдобро е да бидат со различна должина за украните миризливи свеќи да имаат поинтересен изглед.
  3. На крај врзете ја свеќата на местото од ластикот и направете украсна панделка.

Уживајте во изгледот и пријатниот мирис, домот може да е прекрасно место ако се погрижиме малку!

Сподели: