Направете лековита топла вода со куркума – утрински еликсир за телото

Сите се трудиме да консумираме здрава и корисна храна, но често не сме ни свесни колку таа може да има дејство врз нашиот организам и колку може да допринеси за нашето здравје. А кога сме кај тоа, мора да се спомне за лековитата топла вода со куркума која е вистински еликсир за здравјето.

За куркумата во последно време многу се зборува и пишува. И тоа со право! Овој зачин е многу корисен за организмот, а на секој му е лесно достапен. Една жена од Велика Британија, одлучила да спроведи експеримент врз своето тело. Имено, секое утро пиела една чаша топла вода со куркума. По неколку дена забележала позитивни промени: и се подобрило варењето на храна, и се исчистила кожата на лицето, а утринското будење и било полесно.

топла вода со куркума

Освен тоа што куркумата е еден од нај користените зачини, кој му дава одлична боја и арома на јадењата, тој е корисен за организмот, затоа што делува против воспалително, содржи моќни антиоксиданси и го подмладува телото.

Може да ве интересира: Куркума – природен зачин и лек кој штити од рак.

Топла вода со куркума

Главната состојка, која е одговорна за е куркуминот. Благодарение на него, водата со куркума е еден од лековитите напитоци, кои често се нарекуваат еликисири на здравјето.

Состојки:

  • ½ мала лажичка куркума во прав
  • 1 чаша топла вода.

Подготовка и употреба:

Во чаша ставете ја водата и додајте ја куркумата. Измешајте убаво. Топлата вода со куркума испијте ја во првиот дел од денот. Пред, или после појадокот. По желба може да додадете и прстофат мелен црн пипер. Овој напиток пијте го две недели, а потоа направете пауза од две недели.

Уште ако додадете малку мед и лимон, ќе направите еликсир погоден за превенција и лечење.

Ви предлагаме да прочитате: Златно млеко со куркума за одлично здравје и антиканцерогена заштита.

Сподели: