Направете морска сол за релаксирање, регенерација или подигнување на енергијата

Денес земете одмор од сите обврски и стресни ситуации, така што сами ќе направите совршена купка со ароматична морска сол по избор.

Она што ви е најпрво ви е потребно е крупна морска сол, која може да ја набавите во било која продавница, посебно се препорачува морска сол од Мртвото море. Во зависност од ефектот кој сакате да го постигнете, етеричните масла ќе ви помогнат да се релаксирате, да се наполните со енергија или да ја нахраните кожата.

морска сол за капење

Кожата ја сака морската сол и етеричните масла

Морската сол содржи бројни елементи кои се важни за живот: натриум, магнезиум, калциум и сребро. Некои од нив имаат повеќе улоги во телото, а од дамнина е познато лековитото дејство на морската сол на кожата. Етеричните масла се есенции на различни лековити билки. Многу се концентрирани, па се користат во разблажен облик и мали количини. За подготовка на купки не се препорачуваат повеќе од 10 капки. Благодатите од етеричните масла се бескрајни – тие смируваат, релаксираат, даваат енергија, делуваат како афродизијак…

Како да направите сол за капење?

Приготвувањето на солта за капење не одзема многу време, а може да ја користите штом посакате. Направете сами совршен спа третман во вашиот дом.

Сол за релаксација

  • 400 грама крупна морска сол
  • 10 капки етерично масло од лаванда.

Сол за подигнување на енергијата

  • 400 грама крупна морска сол
  • 10 капки масло од пеперминт
  • 2 капки масло од рузмарин.

Сол за регенерирање на кожата

  • 400 грама крупна морска сол
  • 10 капки масло од портокал
  • 2 капки масло од грејпфрут.

Сол за релаксирање на мускулите

  • 400 грама крупна морска сол
  • 5 капки масло од еукалиптус
  • 5 капки масло од лаванда.

Подготовка:

  1. Сите состојки ставете ги во сад и добро измешајте ги со рацете.
  2. Доколку не ја потрошите целата сол при капењето, ставете ја во стаклен сад со капак и чувајте ја на темно место. Користете ја по потреба, најмногу два пати месечно.

Ви предлагаме да прочитате: Природен раствор со морска сол за испирање на синусите.

Сподели: