новогодишен-венец-од-цевки-1

Направете новогодишен венец од цевки

Новогодишните празници се наближуваат и време е за украсување. Поканете ја празничната магија во домот! Ослободете ја креативната енергија која се крие во вас, дозволете да ве обземе новогодишната еуфорија и разубавете го вашиот дом со интересни декорации и новогодишни салфетки кои можете да ги изработите сами. Овој пат ви предлагаме да направите елегантен новогодишен венец од тенки цевки (сламки) кои ги користите за пиење на сок или коктел.

Ако сте обожавате да го декорирате домот во весел новогодишен стил, а на ова ладно време претпочитате да си седите дома, еве супер идеја за домашно декорирање со кои ќе имате уникатна новогодишна домашна атмосфера.

Техника за изработка на новогодишен венец од цевки

Празничните венчиња се предзнак на Новогодишната и Божиќната приказна, а доколку се уште не сте купиле, наш предлог е да направите сами. Новогодишниот венец можете да го закачите на врата или да му додадете четири свеќички и да го поставите на трпезариската маса. За најдобро разбирање на техниката за изработка на новогодишен венец од сламки, погледнете го видеото и следете ги инструкциите.

Потребно ви е:

  • сламки во црвена и зелена боја, во различна димензија
  • подлога од картон
  • линијар
  • силикон или лепило за лепење
  • панделка

Исечете подлога за венецот од картон во форма на круг. Потоа, со помош на молив рамномерно исцртајте 4 тенки линии врз подлогата. Врз линиите ставете силикон и залепете 4 цевки.

Помеѓу нив, на средината повторно нанесете силикон и ставете цевки. Постапката повторете ја додека целиот круг го исполните со сламки.

Земете помали цевки и со помош на силиконот залепете ги помеѓу големите цевки. Потоа, панделката залепете ја врз новогодишниот венец од цевки. Со тоа, новогодишната декорација е завршена. Уживајте во празниците!

Сподели: