Направете овесно млеко од овесни снегулки

Растителните млека во последно време се повеќе се во тренд, а особено голема примена имаат за време на пости. Не содржат лактоза, па може да ги консумираат лица кои имаат интолеранција, вегани како и сите други кои водат здрав живот. Денес ви претставуваме лесен рецепт со кој ќе може да направите овесно млеко од овесни снегулки.

Наместо да купувате овесно млеко, кое има висока цена во маркетите, а понекогаш може да содржи и додатоци, ви предлагаме да одвоите малку време и да си направите домашно овесно млеко.

овесно млеко

Состојки:

  • 1 чаша овесни снегулки
  • 3 чаши вода
  • екстракт од ванила по желба
  • 4 урми или друг засладувач по желба
  • прстофат сол по желба.

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете ги овесните снегулки и додајте вода колку да ги покрие. Оставете ги со водата околу 20 минути, а најдобро е преку ноќ.
  2. Овесните снегулки исцедете ги и ставете ги во блендер.
  3. Отстранете ги семките на урмите. Исчистените урми додајте ги во блендерот.
  4. Во блендерот додајте 3 чаши ладна вода и прстофат сол. Миксирајте неколку секунди додека се добие хомогена смеса.
  5. Овесното млеко процедете го низ метална или платнена цедилка неколку пати додека добиете бистра течност. Остатокот во цедилката може да го искористите во палачинки, лепчиња и слично.
  6. Млекото турете го во стаклено шише со капак. Чувајте го во фрижидер и искористете го во рок од 2 до 3 дена. Пред служење, шишето со овесно млеко протресете го.

Ви предлагаме да прочитате: 10 причини кои ќе ве поттикнат да јадете овес.

Сподели: