Направете сами гел за дезинфекција и суво „миење“ на рацете 1

Направете сами гел за дезинфекција и суво „миење“ на рацете

Обично во поголемите земји ова е доста честа навика и многу пати сме виделе како луѓето си ги дезинфизицираат рацете на улица, во шопинг центрите, во јавниот превоз и слично. Секојдневно се ракуваме и допираме разни површини, па добро би било со себе да имаме гел за дезинфекција на рацете.

Сега ваков гел може да направите и самите дома. Ви требаат неколку состојки за да може да бидете позаштитени со т.н. суво миење на рацете. После употребата на овој гел нема потреба за миење на рацете со вода. Може да го употребувате секојдневно и да ги чистите и дезинфицирате рацете. Посебно е корисен во прилики на патување, посета на болници и слично.

Направете сами гел за дезинфекција и суво „миење“ на рацете 2

Гел за дезинфекција на рацете со алое вера

Потребно:

  • 1/3 шолја алое вера гел
  • 2/3 шолја 99% алкохол
  • 10-тина капки етерично масло по избор (лаванда, ванила, ментол, грејпгрут)
  • Чисто шишенце со прскалка или добар затворач.

Подготовка:

  1. Сите состојки измешајте ги во шишето и добро затворете, па промешајте за гелот да е спремен за употреба. За да биде ефективен, гелот мора да содржи барем 60 % алкохол, а етеричните масла не само што му даваат мирис, туку делуваат и антибактерицидно.

Ви препорачуваме да прочитате: Природна маска за убави раце и лице.

Сподели: